Уникс обезбеди полуфинале: Димитријевиќ и другарите ја „нокаутираа“ Самара
Самара даде отпор само во првото полувреме (42-44), по што Уникс влезе во одличен ритам и во вториот дел го декласира ривалот за триумф од 90-67.
Димитријевиќ постигна 15 поени за Уникс, додека по 17 поени запишаа Лабери и Рејнолдс.
Уникс во полуфинале ќе игра против Локомотив Кубан, кој славеше со 3-0 против Парма Перм.