Потег за почит: Елмас, Пандев и Омерагиќ со специјална честитка за македонски клуб во Австралија! (ВИДЕО)
Тие му посакаа нови успеси на клубот во иднина, а притоа посочија дека Квинбијан е пример како шест децении опстојува љубовта кон фудбалот и Македонија.
„Голема честитка за 60 години постоење на клубот, шест децении фудбал, емоции, пријателство и македонски дух. Покажувате дека фудбалот нема граница и дека Македонија се носи во срцето каде и да сте. Ви посакувам успеси и многу години да го чувате клубот. И оваа сезона пехарот да заврши кај вас. Голем поздрав од сите од македонската репрезентација“, кажа Елмас.
„Среќна 60-годишнина. Шест децении историја, фудбал и љубов кон Македонија. Посебно ми е драго што клубот ги поврзува Македонците во Австралија, но исто така е отворен кон сите кои го сакаат фудбалот. Чувајте ја традицијата, уживајте во фудбалот и продолжете да ги собирате новите генерации во клубот. Ви посакувам многу успеси, поздрав од Македонија“, посочи Пандев.
„Почитувани пријатели и сонародници, големо семејство во Квинбијан Сити. Со особено задоволство ви ја честитам 60-годишнината. Шест децении историја, фудбал, заедништво и македонски дух се нешто на што треба да сте горди. Од Квинбијан Македонија до денешниот Квинбијан Сити, клубот е убав пример како фудбалот ги поврзува генерациите и ја чува врската со Македонија без разлика на илјадниците километри. Ви посакувам успешни години и шампионската титула да биде најубавиот подарок за овој јубилеј“, вели Омерагиќ.