Рустемовски обезбеди медал за Македонија на ЕП во Софија
Рустемовски претходно во осминафиналето беше подобар од Вилијам Хјуит, исто така со 4-1, по што без многу проблеми го реши и Базејан за пласман во полуфинале.
Обезбедувањето на најмалку бронзен медал на ЕП во Софија е еден од најголемите успеси во неговата спортска кариера, но не планира да запре затоа што пред него е нов предизвик и ќе се бори за највисок пласман на натпреварувањето.
На ЕП во Софија настапуваат околу 400 боксери и боксерки од вкупно 40 земји.