Вардар ја распарчи Будванска ривиера, ја испрати со 44 гола
„Црвено-црните“ одлично го отворија натпреварот и уште во првото полувреме покажаа дека се решени да ја оправдаат фаворитската улога. Иако гостите успеаја да постигнат 15 гола во првите 30 минути, Вардар беше далеку поефикасен и на паузата замина со предност од шест гола.
Во вториот дел тимот на Иван Чупиќ продолжи во ист ритам. Вардарци ја контролираа играта, постојано ја зголемуваа предноста и на крајот стигнаа до убедлив триумф од 17 гола разлика. Најефикасни кај Вардар беа Воркапиќ и Фадуил со по седум погодоци, додека кај гостите од Црна Гора се истакна Иваниќ со дури 12 гола.
Со овој триумф Вардар го продолжи добриот ритам на стартот од сезоната, а во текот на викендот го очекува гостување кај Тиквеш.