Tренерот кој прими девет гола во ЛШ доби отказ!

Францускиот прволигаш Лeнс се раздели со тренерот Јаник Кахузак кој на клупата на тимот помина помалку од два месеци.

Раководството на клубот донесе одлука за прекин на соработката по серијата лоши резултати, а пресуден беше историскиот дебакл против Комо во Лигата на шампионите.

Лeнс минатата среда на домашен терен доживеа вистински кошмар, губејќи од италијанскиот тим со неверојатни 1:9.  Тоа беше тежок удар за францускиот клуб, кој само неколку дена претходно загуби и од Лил со 0-1 во домашното првенство.

Кахузак имаше можност да ја поправи ситуацијата на неделниот дуел со Марсеј, но Лeнс повторно беше поразен пред своите навивачи, овојпат со 1-2.

По три последователни порази, челниците на клубот решија да реагираат за време на репрезентативната пауза и му врачија отказ на тренерот.