Јунајтед оди од глупост во глупост - на местото на Керик ќе го носи најголемиот лузер меѓу тренерите

Манчестер јунајтед е на чекор до ново тренерско решение, а името кое сè погласно се поврзува со Олд Трафорд е Маурисио Покетино. Аргентинецот е подготвен за враќање во англискиот фудбал, но неговото евентуално ангажирање отвора многу прашања, особено ако се земе предвид неговата кариера и бројните неуспешни обиди да освои најголеми трофеи.

Според информациите од Англија, за да го ослободат Покетино од договорот со репрезентацијата на САД, челниците на Јунајтед ќе мора да платат околу 10 милиони долари, односно приближно 7,4 милиони фунти. Аргентинецот во август го продолжи договорот со Американците до 2030 година, но во него постои клаузула за предвремено заминување.

Иако зад себе има искуство од Премиер-лигата, Покетино нема освоено ниту еден голем трофеј во својата тренерска кариера. Со Тотнем стигна до финалето во Лигата на шампионите во 2019 година, но загуби од Ливерпул. Претходно беше блиску до титули и во англиските натпреварувања, но секогаш остануваше чекор пократок.

Работеше и во Саутемптон, Пари Сен Жермен и Челси, но ниту со овие клубови не успеа да изгради континуитет на освојување големи трофеи. Единствениот значаен пехар на неговото тренерско конто е францускиот шампионат со ПСЖ, заедно со Купот и Суперкупот во оваа земја, но со оглед на доминацијата на „светците“ во домашниот фудбал последните 15 години, тоа и не е резултат вреден за спомнување. За многумина е нејасна фамата што се крева околу него, како и фактот што секогаш кога се работи за смена на тренерската позиција во некој од европските клубови, задолжително се спомнува Почетино.

Токму затоа евентуалниот избор на Почетино би бил ризичен потег за Манчестер јунајтед. Клубот бара човек кој ќе ја прекине долгогодишната криза и ќе го врати на врвот, а Аргентинецот ќе мора да докаже дека може да направи нешто повеќе од добар тим кој на крајот останува без најважните трофеи.

Покрај Почетино, меѓу имињата кои се споменуваат се Еди Хау и Јулијан Нагелсман. Конечната одлука за иднината на Карик се очекува во текот на репрезентативната пауза.