Гаштаров е меѓу најголемите адути на Риера: Македонскиот фудбалер втор по минутажата во Звезда
Според статистиката, Гаштаров е втор на листата на фудбалери со најголема минутажа од доаѓањето на шпанскиот стратег. Пред него е само бразилскиот голман Матеус, кој има 1.380 минути на теренот, додека македонскиот репрезентативецот досега собрал 1.221 минута.
Ова е особено впечатливо ако се знае дека Гаштаров ја започна сезоната во длабока сенка, а со доаѓањето на Риера неговиот статус целосно се промени. Шпанскиот тренер очигледно препозна квалитети кои му одговараат на неговиот систем, па 20-годишниот фудбалер од средниот ред доби значително поголема доверба и се наметна како важен дел од составот. Зад Гаштаров на листата се Василије Костов со 1.070 минути и Тими Макс Елшник со 1.034. Во првите десет се наоѓаат и Стефан Гудељ, Јута Накајама, Раде Круниќ, Милош Вељковиќ, Томас Хандел и Бамба Диенг.
Особено интересен е податокот дека некои од најголемите имиња во тимот се далеку зад македонскиот фудбалер. Капитенот Мирко Иваниќ е на 15. позиција со 578 минути, Александар Катаи е 17. со 531, додека Марко Арнаутовиќ се наоѓа дури на 20. место со 504 минути.
Ријеа досега ја предводеше Црвена звезда на 18 натпревари, на кои забележа 14 победи, два нерешени резултати и два пораза. Неговите избори јасно покажуваат дека имињата и претходниот статус не се гаранција за место во тимот, туку предност добиваат фудбалерите кои најдобро ги исполнуваат неговите барања. За Гаштаров, пак, ова е големо признание и потврда дека се наоѓа на вистинскиот пат.