Мурињо е загрижен, остана само со петмина фудбалери во тренинг-кампот

Жозе Мурињо има причина за загриженост, откако дури 18 фудбалери на Реал Мадрид заминаа на репрезентативни обврски, па во клубот остана со само петмина играчи од првиот тим.

Како што пишува шпански „Окдијарио“, Мурињо стравува дека репрезентативната пауза би можела да го наруши најдобриот период на неговиот тим во досега во сезоната. Реал е во серија од осум последователни победи, а последната ја оствари на гостувањето кај Валенсија, каде што славеше со убедлив резултат.

По тој натпревар, Мурињо јавно призна дека е загрижен за состојбата на своите фудбалери додека се надвор од клупските обврски.

„Загрижен сум поради репрезентативната пауза. На овие момци им е потребно многу внимание во процесот на опоравување. Да видиме дали ќе имаме среќа“, изјави португалскиот тренер.

Најголем проблем за Мурињо се долгите патувања, особено за јужноамериканските репрезентативци, како и големата минутажа во густиот натпреварувачки распоред.

Реал пред паузата одигра три последователни гостувања, против Расинг Сантандер, АЕК во Атина и Валенсија.

По враќањето на клупските обврски, „кралевите“ ги очекува продолжение на битката за врвот во Ла Лига, а Мурињо се надева дека сите репрезентативци ќе му се вратат здрави и подготвени за новите предизвици.