Данев: Србија е силна репрезентација, натпреварот ќе биде вистински тест за нас
Пред дуелот кој е закажан за 12 ноември зборуваше фудбалерот на Вардар, Димитар Данев.
„Очекувам тежок натпревар против Србија. Станува збор за квалитетна селекција, но и ние имаме свои квалитети. Дојде до промена на генерацијата, но веќе имаме неколку заеднички собири и сметам дека од ден на ден напредуваме. Верувам дека ќе пружиме силен отпор и ќе стигнеме до позитивен резултат.
Се подготвуваме одлично. Србија е на исто квалитативно рамниште со репрезентациите против кои игравме во претходниот циклус. Имавме можност да се соочиме со неколку многу добри селекции, кои поседуваат исклучителен квалитет. Свесни сме со какви играчи располагаме и ова ќе биде вистински тест за да видиме до каде сме и што може да покаже оваа генерација“, истакнува Данев.
Според Данев, оваа генерација на Македонија нема проблем со формата и минутажата во клубовите.
„Сметам дека секој фудбалер во репрезентацијата има солидна минутажа и ќе го даде максимумот за да стигнеме до победа. Не мислам дека ќе имаме проблем ниту во однос на подготвеноста, ниту на натпреварувачката форма.
Секако дека чувствуваме одговорност, но токму затоа сме тука. Верувам дека можеме да се носиме со притисокот и да покажеме дека сме способни да ја предводиме оваа репрезентација“, додаде Данев.