Каква штета: Обамејанг блескаше на стартот на Ла Лига, па заврши на операција

Пјер-Емерик Обамејанг се соочи со голем проблем по одличниот старт на сезоната во Ла Лига. Напаѓачот на Депортиво Ла Коруња доживеа повреда на десното колено и ќе мора да биде опериран.

Искусниот Габонец импресионираше на почетокот од сезоната и беше еден од најважните играчи на Депортиво. Постигна голови во пет последователни првенствени натпревари, а по седум одиграни кола има пет гола и две асистенции.

Повредата ја доживеа на натпреварот против Бетис, кој заврши 1-1. Обамејанг го напушти теренот во 65. минута, а по мечот почувствувал проблеми, по што биле направени дополнителни медицински прегледи. Тие покажале оштетување на менискусот на десното колено. Депортиво потврди дека напаѓачот ќе мора на операција, закажана за 24 септември. Клубот засега не соопшти прецизен рок за неговото враќање, бидејќи тој ќе зависи од текот на рехабилитацијата. Според шпанските медиуми, се очекува паузата да биде околу два месеци.

За Депортиво ова е сериозен удар, бидејќи Обамејанг беше најдобар стрелец на тимот на почетокот од сезоната и еден од главните адути во нападот.