Чеферин за „војната“ со ФИФА: Планот им пропадна, не им веруваме повеќе!
Чеферин кажа дека единството, транспарентноста и управувањето се клучни во одржување на довербата во фудбалот.
„Проектот кој го уништи единството во фудбалот можеби е укинат, но довербата не се врати, не им веруваме“, кажа Чеферин.
Планот за приватни инвеститори беше отфрлен во јули по жестоките реакции, а Чеферин повтори дека фудбалот не е на продажба.
„Фудбалот не е на продажба. Тоа е порака која УЕФА ја носи со години и ќе продолжи во иднина“, кажа претседателот на УЕФА.