Роналдо се подготвува за пензија: Можеби ова е мојата последна година!

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо повторно зборуваше за повлекување од фудбалот, а тоа би можело да се случи на крајот на оваа сезона.

Роналдо кажа дека можеби ја игра последната година во светот на фудбалот, но конечната одлука ќе зависи и од тоа како ќе реагира неговото тело.

„Дали ќе биде ова мојата последна година? Можеби. Ќе видиме, зависи и од тоа како ќе се чувствува моето тело“, изјави Роналдо.

Фото: Facebook/Seleções de Portugal