Прв пораз на Ангеловски на клупата на Таџикистан
Натпреварот долго време беше без голови, а решавачкиот момент се случи во 58. минута. Таџикистанскиот голман Олег Баклов лошо реагираше и ја затресе сопствената мрежа, па Азербејџан стигна до водство и подоцна победа со 1-0.
До крајот на средбата немаше нови погодоци, па домаќинот ја задржа минималната предност и ја запиша победата во оваа репрезентативна проверка. Селектот на Таџикистан е македонскиот стручњак Игор Ангеловски кој во третиот натпревар го доживеа првиот пораз откако во јуни оствари победа и реми против Индија.
Покрај денешниот натпревар, Таџикистан во овој прозорец на ФИФА ќе одигра уште два натпревара - против Палестина на 28 септември и Кина на 6 октомври, двата на гостински терен.