Вујовиќ: Ова е порака за Македонија, за Скопје - Вардар не смее да згасне!

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ како аналитичар на телевизија Аренаспорт беше пресреќен што „црвено-црните“ дојдоа до втората шампионска титула во Лигата на шампиони. 

Тој порача дека Македонија мора да има во статут дека клубот не смее да згасне и покрај финансиските проблеми. 

„Неверојатно чувство како поранешен тренер на Вардар. Постојано сум во контакт со нив, со играчите, со навивачите. Можам да замислам како тие се чувствуват, бидејќи нема да бидат догодина таму поголем дел од нив. Ова е порака за Македонија, за Скопје. Мора да биде во статут дека Вардар не смее да згасне“