Војната помеѓу Партизан и АЕК заврши со „рафална стрелба“ на - пенали!

Пресметката меѓу АЕК од Атина и Партизан во четвртфиналето од Европскиот куп беше исклучително драматична, на крајот по пеналите се радуваше грчкиот тим.

Откако мечот не успеа да се одигра во Белград затоа што гостинските ракометари се исплашија од „Гробарите“, дуелот се играше денеска на неутрален терен, во Бугарија.

АЕК мечот во Грција го доби со 27-22, но Партизан ја анулираше негативата откако денешниот дуел во Бугарија го доби со 24-19.

Вкупниот резултат беше нерешен, па пеналите го решаваа патникот во полуфиналето.

Во првите пет серии сите пенали беа реализирани. Мечот беше решен во седмата серија во која вториот голман на АЕК, Дан Тепер му одбрани удар на капитенот на Партизан, Никола Зечевиќ.

АЕК во полуфиналето ќе игра против Извиѓач Љубушки, а другото полуфинале го сочинуваат Алкалоид и Рунар.