Де Брујн ќе ја дели соблекувалната со Меси во Интер Мајами!?

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујн на крајот на сезоната го напушта Манчестер сити, а како негова следна дестинација се споменува Интер Мајами.

Де Брујн освои сè што можеше да се освои со премиерлигашот, па сега е време за нов предизвик, а „Мирор“ пишува дека Дејвид Бекам и Интер Мајами подготвиле бомбастична понуда.

„Мирор“ не ги открива деталите од понудата на тимот од МЛС-лигата, меѓутоа пишува дека е понуда каква што тешко се одбива.

Де Брујн така би им се приклучил на останатите ѕвезди на Интер Мајами, меѓу кои е аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси.