Загрижувачка изјава на Касиљас: Не можам да се преправам, не сум добар

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас поминува низ многу тежок период откако ја заврши професионалната кариера.

Пред да се пензионира, се разведе од својата сопруга Сара Карбонеро, доживеа срцев удар на тренинг на Порто и беше принуден да се прости од фудбалот. Очигледно тоа оставила длабока трага на него, па неодамна изјави дека има психолошки проблеми, а сега го повтори истото и додаде некои детали.

„Не спијам редовно. Сакам да изгледам дека сум добар, ама не можам да лажам, воопшто не сум добар, не можам да уживам во животот. Слушам многу стари песни и не можам да сонувам навечер“, рече Касиљас.

Тој беше голман на Реал 16 години, одигра 725 натпревари за мадридскиот тим, а кариерата ја заврши во Порто каде ги помина последните пет сезони.