Хаџиќ избран за МВП, тројца пелистерци во најдобриот тим!

Младинците на Пелистер успеаја да се пласираат на завршниот турнир во Лигата на шампиони (ЛШ) во Келн, откако остварија две победи на квалификацискиот турнир.

Пелистер славеше против Кјелце и Динамо Букурешт, а еден од најзаслужните за триумфите, како и најдобар стрелец беше Алем Хаџиќ со вкупно 26 голови.

Хаџиќ беше избран и за МВП поради неговите одлични настапи, но се најде и во идеалниот тим на турнирот, каде што друштво му прават неговите соиграчи Јован Марковски и Леонид Лозановски.

Во идеалниот тим се избрани уште и Станчиу, Думитру, Негрила и Матеи.