Кансело фрла проектили на Камп Ноу - два еврогола за едно полувреме (ВИДЕО)

Барселона продолжува со одличните игри оваа сезона, а денешниот натпревар против Сантандер е само уште еден доказ за неверојатниот офанзивен потенцијал кој го има каталонскиот клуб.

По провто полувреме, резултатот е 4-1, а ако двата гола на Рафиња се нешто нормално, сензација се двата на португалскиот репрезентатвец Жоао Кансело. Бекот одлучи да го одбележи денешниот натпревар и во првото полувреме постигна два еврогола што ретко се случува од дефанзивен играч во европскиот фудбал.

Кансело го отвори резултатот во осмата минута со фантастичен удар при кој топката удри во пречката и заврши во мрежата, а потоа во 36. минута исто така од далечина успеа да го совлада противничкиот голман.