Мусети го победи Циципас, Монте Карло ќе добие нов шампион!

Комплетирани се полуфиналните двојки на турнирот во Монте Карло откако заврши и дуелот меѓу Лоренцо Мусети и Стефанос Циципас кој го доби Италијанецот со 2-1 (1-6, 6-3, 6-4) во сетови.

Стефанос Циципас беше актуелен освојувач на турнирот во Монте Карло, па по неговата елиминација јасно е дека друг тенисер ќе седне на тронот.

На денешниот меч против Мусети, Циципас имаше фуриозен старт, го доби првиот сет со 6-1 и ништо не наговестуваше дека ќе го загуби мечот.

Но, Мусети го крена нивот, го доби следниот сет со 6-3, Италијанецот со 6-4 беше подобар во третиот решавачки сет и дојде до триумфот од 2-1 во сетови.

Мусети во полуфиналето ќе игра против Де Минор кој претходно одигра неверојатен меч против Григор Димитров и го доби со фасцинантни 6-0 и 6-0.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Алкараз и Давидович Фокина.