
Златната топка - главна причина што Салах одби 500 милиони фунти од Саудиска Арабија
Познато беше дека интерес за него постои од Саудиска Арабија и дека му е понуден повеќегодишен договор за вкупна сума од 500 милиони фунти. И покрај тоа, ја одби таа можност и одлучи да остане во Ливерпул за годишна плата од 20 милиони што беше големо изненадување за сите инволвирани во фудбалот.
Сепак, Салах си има свои мотиви да продолжи да игра во европскиот фудбал. Прво, има можност да атакува на првото место на вечнаѕа листа на стрелци во Премиер лигата, а второ и уште поважно, сака да ја освои Златната топка. Во 2019 и 2022 година беше петтопласиран во рангирањето и тоа е негов најголем успех, па има голема желба да го освои најценетото индивидуално признание.