
Звезда по голема борба поразена од ПАО, Реал оди во плејин
Сите три меча што се играа денеска беа крајно драматични и неизвесни до самиот крај. На Панатинаикос му беа потребни дополнителни пет минути да ја победи Црвена Звезда со 111-104 и покрај тоа што мечот немаше никакво резултатско значење за грчкиот тим. Губитник е Звезда која во последните три кола одигра три тесни и неизвесни натпревари и ги загуби сите три, па се најде на десеттото место на табелата што значи дека ќе има многу тешка задача да стигне до плејофот.
Анадолу Ефес и Барселона остварија тесни победи во своите дуели, а тоа не му беше од помош на Реал Мадрид кој чекаше кикс на барем еден од нив. Изненадување не се случи, па 11-кратниот европски првак ќе мора преку плејин да брка пласман во плејофот. Во првата рунда ќе се сретне со Париз и ако победи ќе игра против Фенербахче во четвртфиналето, а ако загуби, ќе има шанса за поправен против подобриот од мечот меѓу Баерн и Црвена Звезда.
Вечерва се познати две двојки за четвртфиналето од плејофот, Панатинаикос ќе се сретне со Анадолу Ефес, а Монако со Барселона.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес - Жалгирис 87-77
Панатинаикос - Црвена Звезда 111-104
Барселона - Виртус 91-87