Потврден е терминот за првото „вечно дерби“ сезонава во Суперлигата!

Ракометната федерација на Македонија денеска го потврди првото „вечно дерби“ во Суперлигата во кое силите ќе ги одмерат Вардар и Пелистер.

Акутелниот шампион е домаќин на првото дерби сезонава и тоа ќе се игра в недела од 17:45 часот.

Со потврдата на терминот Вардар ги пушти во продажба и билетите кои во зависност од местото на седење ќе се продаваат по цена од 300 до 500 денари.

Во натпреварот избраниците на Чупиќ влегуваат како лидери со максимален број на бодови од почетокот на сезоната, додека Пелистер има едно реми против Охрид. Пред дуелот со Пелистер, Вардар го очекува и последниот натпревар сезона