Охрид и Алкалоид ги дознаа противниците во Европскиот куп - одат во Литванија и Словенија!
Како бранител на трофејот, составот на Охрид во третата рунда ќе се соочи со литванскиот претставник Драгунас Клаипеда. Од друга страна, екипата на Алкалоид доби исклучително сериозна задача и ќе ги одмери силите со словенечкото Горење Велење. Двата македонски клуба, кои се воедно и последните два освојувачи на овој европски трофеј, изборија пласман во оваа фаза откако претходно успешно ги елиминираа екипите на турски Спор Тото и австриски Ферлах.
Пресметката помеѓу Алкалоид и Горење ќе има и посебно емотивно значење поради настапот на Михаил Иваноски за словенечката екипа. За македонскиот интернационалец ова ќе претставува враќање во Автокоманда, сала во која помина дел од својата досегашна кариера.
Првите натпревари од оваа рунда се закажани за 21/22 ноември, додека реванш средбите ќе се одиграат една недела подоцна (28/29 ноември). Охриѓани првиот меч ќе го одиграат на гостински терен во Клаипеда, а патникот во следната фаза ќе го решаваат на домашен терен. Алкалоид, пак, дека првиот дуел ќе го игра пред своите навивачи во Скопје, додека реваншот ќе се одигра во Словенија.