
Фудбалерките до 19 години поразени од Хрватска
Македонските фудбалерки денеска беа поразени од домаќинот Хрватска со резултат 2-0 која ја забележа третата победа во третиот натпревар.
За Македонија овој пораз беше прв по стартната победа против Литванија и ремито со Ерменија во второто коло.
Резултатот во денешниот натпревар го отвори Весели по 13 минути игра, додека конечните 2-0 беа поставени во 74 минута со голот на Петковиќ.
Со овој пораз Македонија групата ја заврши на второто место со четири освоени бода зад Хрватска која има 9, а пред Литванија (3) и Ерменија (1). Место во ранг погоре обезбедуваше само првопласираната селекција.
СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА: Комненова, Јованоска, Петкова, Ѓорѓиева, Василева, Конева, Дика, Димитриоска, Велиу, Димитриоски, Илиевска;