Таткото на Лука Јовиќ откри под кој услов ќе остане напаѓачот во Милан

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ привлече внимание со неговите солидни настапи во изминатиот период, а „Газета дело Спорт“ откри дека за неговиот потпис се заинтересирани Бешикташ и Трабзонспор.

Таткото на напаѓачот, Милан Јовиќ потврди дека постои интерес од турските екипи, но кажа и дека Србинот може да остане во редовите на „росонерите“, но само под еден услов.

„Сè е точно. Во Милан ќе остане само ако се променат многу работи во клубот. Ако нема никаква промена по крај на сезоната, тогаш заминува“, кажа Милан Јовиќ.