Елмас ги воодушеви сите: Торино сака да го задржи македонскиот фудбалер!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги воодушеви сите со настапите во Торино, каде што се пресели на позајмица од Лајпциг.

Елмас постигна четири голови по доаѓањето во Торино, а за тоа зборуваше првиот човек на калчолигашот, Урбано Каиро.

„Елмас се вклопи во екипата. Ќе направиме сè што може за да го задржиме. Меѓутоа тоа ќе стане јасно по крајот на сезоната. Задоволни сме од неговите настапи“, кажа претседателот на Торино.