Анчелоти: Арсенал е тежок ривал, но имаме план за победа!

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти одржа прес-конференција пред првиот четвртфинален меч против Арсенал на „Емирати“.

Анчелоти призна дека „топчиите“ се тежок противник, но имаат план за победа против премиерлигашот.

„Арсенал е многу опасен, но ние ќе се обидеме да се одбраниме. Имаме противник кој знае добро да врши притисок. Ќе се подготвиме со јасен пристап и ќе одиме на победа“, кажа Анчелоти.

Арсенал и Реал Мадрид ќе се соочат утре од 21 часот на „Емирати“.