Јончевски повеќе не е тренер на полски Шлонск!

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски се раздели со полскиот прволигаш Шлонск.

Јончевски поранешниот полски шампион го напушта на само шест кола пред крајот на основниот дел од првенството и тоа во момент кога тимот се наоѓа на позиција која обезбедува плеј-ин.

На клупата на Шлонск Јончевски пристигна во декември кога го наследи српскиот стратег Миодраг Рајковиќ, а отказот доаѓа по последниот пораз во првенството.

Со заминувањето на Јончевски продолжува и трендот на брза тренерска смена во полскиот состав кој промени пет тренери во две сезони.