Мало ремек-дело: Голот на Елмас од друг агол (ВИДЕО)

Викендов македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас продолжи со одличните настапи во Торино каде што пристигна во јануарскиот преоден рок.

Елмас беше стрелец на единствениот гол за Торино во ремито со Верона 1-1. Овој гол за македонскиот фудбалер беше и четврти во дресот на „биковите“:

На социјалните мрежи Торино објави и видео со поглед на мајсторијата на Елмас од друг агол кој покажува дека голманот едноставно немаше шанси да интервенира.