Тежок удар: Заврши сезоната за еден од најважните фудбалери на Борусија

Еден од најважните фудбалери во редовите на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек се здобил со повреда на менискусот во левото колено и поради тоа ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Повредата на Шлотербек доаѓа пред четвртфиналниот натпревар на „милионерите“ против Барселона во Лигата на шампионите што секако претставува сериозен удар за германскиот состав.

Шлотербек поради суспензија не настапи за викендот во Бундесигата и се очекуваше да ја предводи одбраната на Борусија во Барселона.

Сепак, се повредил на вчерашниот тренинг, а денеска се потврдени лошите вести.

Сезонава во сите натпреварувања Шлотербек за Борусија настапи на 37 натпревари и собра шест асистенции.