Барселона го разочарала Левандовски, голгетерот размислува за заминување?

Одличниот полски напаѓач Роберт Левандовски би можел изненадувачки да ја промени клупската средина во летото кое следи, пренесува шпанскиот „Ел Насионал“.

Левандовски е незадоволен од третманот во клубот и смета дека е неправедно критикуван поради нешто послабите настапи во последно време и сето тоа би можело да резултира и со негово заминување.

Оваа сезона полскиот голгетер постигна 25 голови на 29 натпревари и во овој момент е прв стрелец во Ла Лига пред Килијан Мбапе кој има 22 погодоци. Но, „Ел Насионал“ тврди дека Левандовски поради опкружуваето во клубот не можел дополнително да ја истакне својата креативност во нападот.

Исто така се наведува дека 36-годишникот бил критикуван неколку пати поради послабото движење на теренот, како и поради тоа што не се истакнувал во најважните натпревари.

Иако низ кариерата Левандовски навикна на критики од надворешни страни, сепак бил разочаран затоа што неговата работа не била доволно признаена од управата на Барселона.

Наводно, интерес за Левандовски веќе покажале неколку клубови од Саудиска Арабија.