Вецлар му го продолжи договорот на Миркуловски

Германскиот ракометен тим Вецлар вчера му го продолжи договорот на поранешниот репрезентативец на Македонија, Филип Миркуловски кој работи како помошник во бундеслигашот.

Миркуловски е помошник во стручниот штаб на бундеслигашот, а поради добрите резултати оваа сезона, Вецлар реши да му ја продолжи соработката.

„Тука се чувствувам како дома. Во Вецлар сум речиси девет години, а соработката со тренерот Франк Карстенс е неверојатна. Се чувствувам одлично во оваа улога“, кажа Миркуловски.