Вардаровите навивачи ја зовриваат атмосферата - ечат улиците, ќе ечи и „Ланксес“ (ВИДЕО)

Навивачите на Вардар кои допатуваа во Келн веќе се во елемент во пресрет на полуфиналната пресметка на фајнлфорот во Лигата на шампионите против Барселона.

Приврзаниците на црвено-црните веќе ја зовриваат атмосферата пред пресметкатасо каталонската гордост, па улиците во германскиот град веќе ечат од вардарова песна, како најава дека за нешто помалку од час и половина ќе ечи и во „Ланксенс Арена“ и ракометарите на македонскиот шампион ќе имаат голема помош на патот кон своето второ финале.

Вардар пред две години во историската сезона која ја крунисаа со европската круна токму против Барселона во полуфиналето го најавија искачувањето на престолот.