Вардаровите навивачи го избезумија коментаторот на Арена, па тој почна да скока со нив (ВИДЕО)

Еуфоријата пред „Ланксенс Арена“ каде Вардар ќе го одигра полуфиналето со Барселона на ракометниот фајнлфор кулминираше, откако една група на навивачи на црвено-црните направија невиден спектакл со коментаторот на Арена Спорт.

Коментаторот Стеван Стевановиќ тргна да се јави во живо од пред Арената, кога навивачите го окупираа, па дури и го натераа да скока со нив и да навива во пресрет на мечот со каталонската гордост.