Вардарки се вратија во Скопје: Публика, аплауз и песна пред „Јане Сандански“! (ВИДЕО)

Вардар го заврши своето постоење како фактор во европскиот ракомет без титула. Тажно е, особено за ракометарките кои дадоа се од себе и имаа непоколеблива желба. Тие се разочараа од поразот од Ѓер во финалето, но очигледно останале хероини кај скопската публика.

Слетаа некаде околу пладне, а нешто подоцна пред „Јане Сандански“ пристигна автобусот брендиран со логото на Вардар. Го пречекаа педесетина луѓе скандирајќи ги нивните имиња, одделно и пеејќи песни за Вардар. На крај, викнаа и „шампионе, шампионе“, давајќи им до знаење дека тие за нив се шампионки, иако се враќаат без пехар.

Вардар загуби од Ѓер со 26-27 во продолжение, втора година едноподруго, а во петтото учество на Ф4-турнирот во Будимпешта.

видео: 24ракомет.мк