Епското чудо на македонскиот ракометен првак Вардар и историскиот пресврт после седум гола негатива на полувреме против Барселона силно одекна во регионотв на просторот на поранешна Југославија, па медиумите не штедеа комплименти за херојскиот настап на црвено-црните во Келн и големата победа против каталонската гордост.

Вардар сезонава дотурка до финале, а никој не им предвидуваше дека ќе стигнат до фајнлфор, а црвено-црните во новата своја бајка дотуркаа до шанса по 2017 година повторно да се искачат на европскиот врв. Ама овојпат со неверојатна приказна, со беспарицата во клубот, со најавите за распад...

„Каква приказна е овој Вардар! Се распаднаа, останаа без пари, играчите немаат земено плата, а еве ги пак во финале на Лигата на шампионите! Страшно нешто“, пишува еден од најпопуларните хрватски портали „Индекс“.

Речиси да немаше медиуми во регионов кој не го испофали клубот, нормално секоја од некогаш братските земји гледајќи од своја перспектива на репрезентативците кои ги има во црвено-црниот дрес.

„Последниот меч на овој Вардар на ова ниво, под капата на Сергеј Самсоненко ќе биде во – финале на Лигата на шампионите. Барселона фуриозно го отвори мечот, ја одржуваше предноста пред да тргне ураганот на скопскиот клуб“, потенцира „24 сата“.

 

„Милосављев заслужи споменик во Скопје“, пишува „Спортска Централа“, после бравурозниот настап на голманот на „орлите“ против Каталонците.

„Чудото наречено Вардар: Подвиг за анали – подвид за финале“, пишува еден од најпопуларните ракометни портали „Балкан Хандбал“.