
Тренерот на Нексе е наследник на Червар на клупата на Хрватска!
Станува збор за помошник на досегашниот селектор, Лино Червар, кој пред изборот, како координатор за машки ракомет достави до членовите на УО три имиња, меѓу кои уште беа и легендарниот Ивано Балиќ и Славко Голужа. Одборниците утврдиле дека Балиќ ја нема потребната диплома за извршување на селекторската функција, додека Хорват ја доби битката со Голужа.
„Благодарен сум што веќе осум години сум дел од младиските репрезентација на Хрватска, како и помошник на Лино Червар, период во кој собрав драгоцено искуство, кое се надевам дека ќе ми биде сега од корист. Свесен сум каква одговорност и какви обврски се пред мене, но мислам дека можам да одговорам на предизвикот и успешно да ја преводам Хрватска“, изјави Хорват.
Хрватска претрпе дебакл на Светското првенство (СП) кое е во тек во Египет, откако не се пласира во четвртфиналната фаза, поради што Червар си поднесе оставка. Брзањето околу наоѓањето на неговиот наследник е поради скорешниот настап на квалификациите за ЛОИ во Токио.