Талески постигна два гола во победата на Бенфика

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески постигна два гола во триумфот на Бенфика со 34-25 против Гаиа за втора победа во шампионатот.

Гаиа не се предаваше лесно во првите 30 минути и на полувремето замина со негатива од 13-16, но Бенфика додаде гас во второто полувреме каде што влезе во серија и запиша убедлива победа од 34-25.

Талески постигна два гола во вториот триумф на Бенфика сезонава, со кој стигна до девет бодови и скокна до третото место на табелата.

Победа вечерва оствари и екипата на Никола Митревски, односно Порто кој славеше со 39-26 против Виторија.