„Стилот на Нант не му одговара на Лазаров, затоа не играше многу!“

Колку и да радува победата на Вардар против Нант (27-23), кај македонската публика остана трошка прашање - зошто Кире Лазаров играше толку малку.

Тренерот на Нант, Тјери Анти, објасни дека стилот на Нант не е компатибилен со оној на Кире Лазаров. Попрецизно, фактот што тој ретко игра одбрана, ја принудува екипата на замена, а тоа го забавува прзото темпо на Нант.

„На Кирил Лазаров му треба повеќе време да игра со нас за да се навикне. Можеби нашиот стил на игра не е најдобриот за него и му треба време. Со него е малку тешко. Тешко е да го менуваме постојано во одбрана, вечерва примивме 2-3 гола од такви ситуации. Но тој е голем играч и со време ќе се навикне на нашата екипа, одговори Анти.

Миленикот на македонската јавност одигра, едвај, пет-шест минути и упати еден удар кон голот на Вардар, од седмерец и тој му го одбрани Штербик. Сепак, би било бесмислено ако Анти купи играч од калиберот и квалитетите на Лазаров, а го чува на клупа.

 Колку го сака и почитува публиката покажа почетокот на мечот, претставувањето, кога се сите четири трибини се кренаа еуфорично на нозе, додека го читаа неговото име.