Се мириса на 2017: Дури и судиите ќе бидат истите од пред две години!

Германските судии, Ларс Геипел и Маркус Хелбиг се назначени да ја делат правдата во финалето на Лигата на шампионите, каде ќе се сретнат унгарски Веспрем и Вардар.

Интересно, тие беа судиите и на финалето пред две години кога црвено-црните стигнаа до титулата во Лигата на шампионите. Тогаш Вардар го совлада Пари Сен-Жермен со 24-23. Тоа значи дека Кристијан Дисинџер нема да биде единствениот Германец во финалето, а ние се надеваме дека неговите сонародници повторно ќе ни донесат среќа.