„Самсоненко ми нудеше богатство само за да дојдам во Скопје“

До неодамна една од најдобрите светски ракометарки, Тања Лонгвин, која сега работи како тренер, во интервју за рускиот ракометен портал „Брз центар“ открива дека газдата на ЖРК Вардар, Сергеј Самсоненко, ѝ нудел вистинско богатство само за да дојде во Скопје.

Тоа се случило во 2016 година, односно пред почетокот на препоследната вистинска сезона на тимот кој минатото лето се откажа од ѕвездите и продолжи да се натпреварува само со млад домашен кадар.

„Точно е дека имав понуда од Вардар, но не сакав да ризикувам бидејќи клубот веќе беше нестабилен. Ја ценам работата и постигнувањата на Самсоненко, кој купуваше квалитетни ракометарки, но не поставуваше луѓе во управата кои можат сето тоа да го следат. Не ми се допаѓаше постојаната смена на претседатели, тренери и тоа е едната причина што не дојдов во Скопје. Му нудеа богатство, навистина огромна сума, но за мене не е сѐ во парите. И во Алборг бев најплатена ракометарка на светот па си заминав бидејќи не ми се допаѓаа некои работи. Таква сум. Парите што ќе ги заработев во Вардар беа големи, но не вредеа за тоа што ме очекуваше во клубот“, изјави Лонгин.

Лонгин требаше да седне на клупата на местото на Ирина Дибирова, која потоа остана и ги одведе црвено-црните до финалето од Лигата на шампионите каде што Вардар загуби од Ѓер.