Рајн-Некар ја совлада Барселона: Талески без ефект

Рајн-Некар Левен ја совлада Барселона со 35-34 во фантастичен натпревар во рамки на Групата А во Лигата на шампиони. 

Германците ја имаа контролата на резултатот по стартната негатива. На полувремето беше +3 за Рајн-Некар, а во последните 10 минути до натпреварот изнесуваше и седум голови предност (30-23). „Каталонците“ предводени од Енгесан успеаја да се вратат и да го направат натпреварот интересен. Голманот Паличка одбрани зицер во финишот и ја одржа предноста на Рајн-Некар за победа од 35-34. 

Гудјон Валур Сигурдсон беше најефикасен со шест голови кај германскиот состав, Алеиш Гомез со 11 беше најдобар кај Барселона. Филип Талески не доби шанса за Рајн-Некар од тренерот, додека поранешниот „вардарец“ Илија Абутовиќ имаше сериозна минутажа. 

Натпреварот го судеа македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.