
Пелистер со едно добро полувреме не можеше да го изненади Спортинг!
Битолскиот тим одигра добро прво полувреме во кое беше рамноправен противник со Спортинг, но падна во вториот дел и го загуби мечот.
Спортинг постојано водеше, но Пелистер беше тука и не даваше домаќинот да се одлепи, на полувремето португалскиот тим имаше предност од само 14-13.
Во вториот дел работите беа поинакви, како одминуваше времето Спортинг ја зголемуваше предноста, двапати имаше водство и од осум разлика, на крајот победи со шест, конечниот резултат беше 30-24.
Кузмановски со шест голови беше најефикасен во составот на Пелистер, Хосни постигна пет, кај Спортинг Салвадор даде осум погодоци, Торкелсон седум.
Наредниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е на домашен терен на 20. февруари против Динамо Букурешт.