Пасквал: Честитки за Вардар! Не можам да ги објаснам вторите 30 минути...

Вардар ја шокираше Барселона во второто полувреме од полуфиналниот меч во Лигата на шампиони во Келн, откако Каталонците во првиот дел имаа предност од +7, но на крајот загубија со 27-29.

„Црвено-црните“ одиграа фантастично второ полувреме, а тренерот на Барселона, Чави Пасквал не знаеше како да го објасни поразот.

„Доминиравме во првото полувреме, но во вторите 30 минути се загубивме на теренот и немам коментар за тоа, освен честитки за Вардар. Не можам да објаснам кои се причините за катастрофалниот пад, ќе треба време за да ги анализираме грешките“, кажа Пасквал.

Барселона утре против Кјелце ќе се бори за трето место.