Вардар оствари сензационална победа над Барселона со 29-27 во полуфиналето на Ф4-турнирот во Келн, што го однесе во второ финале, по шампионското во 2017 година.

Нова ракометна бајка живее македонскиот ракометен првак и европски шампион од 2017 година, откако денеска против Барселона беше пред бездната со седум голови негатива во две третини од мечот и потоа се случи чудо. Вардарци како „феникс“ се издигнаа и направија епски пресврт за паметење. Полека ја топеа разликата на Барселона и на крајот успеаа да стигнат до пресврт.

Во 40-та минута од мечот Вардар беше на 15-22, осум минути подоцна ја преполовија на четири (21-25), а во 54-та комплетно се вратија во мечот со минус два (24-26) и тргна драмата. На три минути со нови два гола и комплетна серија од 6-1, Вардар израмни, а потоа следуваше завршниот удар кон избезумените Каталонци, кои предвреме славеа.

Со два гола на минута до крајот Вардар исчекори кон победата, Столе Стоилов ја запечати победата со гол на три секунди до крајот за неверојатни 9-1 во завршниот дел од мечот и најславна победа во историјата.

Сите вардарци брилјираа, ама попладнево Дејан Милосављев беше неверојатен, уште на полувреме имаше 13 одбрани, стигна до 18 до крајот.