Ништо не се менува во женскиот ракомет: Титула број 10 за Норвешка!

Женската репрезентација на Норвешка ја одбрани титулата европски шампион откако во денешното финале против Данска триумфираше со 31-23.

Тоа е трета титула во низа, петта на последните шест првенства и вкупно десетта за Норвежанките со што тие остануваат убедливо најуспешни на континенталните шампионати. Вторпат по ред ја совладаа Данска која вечерва парираше нешто повеќе од едно полувреме, но не успеа да ја загрози победата на скандинавскиот ривал.

Откако првото полувреме заврши со предност од само еден разлика (13-12), се беше решено во првите 12 минути од вториот дел во кои Норвешка направи 8-2 и поведе со 21-14. На осум минути пред крајот на натпреварот, резултатот беше 29-20, па Норвежанките можеа мирно да го завршат мечот.

Рајстар со осум гола беше најефикасна во финалето, Ховден додаде шест, а Херем и Братсет по четири. Хансен и Хојлунд ја предводеа данската репрезентација која го освои четвртиот сребрен и вкупно седми медал на европските првенства.