Гвардиола: Не сум доволно добар, не можам да најдам решение

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се прогласи себеси за виновник за лошата форма и резултатите на неговиот тим последните два месеца.

Сити има само една победа на последните 11 меча во сите натпреварувања и вечерва падна на петтата позиција во Премиер лигата. За одбрана на титулата повеќе не станува збор, но сега постои опасност Сити да не се плсира ни во Лигата на шампионите, ако нешто не се смени.

„Го заслуживме она што се случи. На ова ниво, кога е во прашање еден или два натпревара, можете да кажете дека не сте имале среќа. Ние не можеме така да кажеме бидејќи кога станува збор за 10-11 натпревари, не може да се обвини среќата. Во 87. минута, ние водиме со 1-0, а нашиот корнер завршува со пенал за нив. Ако носиме глупави одлуки во финишот, заслужуваме да платиме за тоа.

Јас не сум доволно добар. Јас сум шеф, тренер, јас морам да најдам решение и досега не успеав во тоа. Таква е реалноста“, рече, меѓу другото, Гвардиола.

Во следното коло, Сити го очекува уште еден тежок меч, на гостин кај Астон Вила и со евентуален пораз може да падне на шестото место на табелата.