Челси го зголеми притисокот врз Ливерпул, Тотнем испука „петарда“ за едно полувреме (ВИДЕО)

Екипата на Челси се доближи на само два бода негатива со натпревар повеќе во однос на лидерот Ливерпул откако вечерва на домашен терен го совлада Брентфорд со 2-1.

Тоа е петти триумф по ред за лондонскиот тим кој со ова го зголеми притисокот и уште еднаш потврди дека е подготвен да се бори за шампионската титула во Премиер лигата. Кукуреља го отвори резултатот во првото полувреме, а Никола Џексон на десет минути пред крајот зголеми на 2-0. Мбеумо во финишот постигна почесен гол за Брентфорд, но Челси сепак успеа да го сочува водството и да освои нови три бода.

По серијата од три меча без победа, Тотнем вечерва успеа да триумфира и тоа на гостувањето кај Саутемптон со 5-0. Сите пет гола беа постигнати во првото полувреме, Медисон два пати ја затресе противничката мрежа, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Сон, Кулушевски и Сар.