Тренерот на Чаир 2030 по поразот сакаше да ги тепа - судиите (ВИДЕО)

Исклучително тензичен крај имаше денешниот натпревар меѓу Чаир и Куманово во салата „Шабан Трстена“ со кој беше ставена точка на десеттото коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Славеа гостите со 95-91, но кошаркарите и стручниот штаб на Чаир сметаа дека незаслужено загубиле. Поради тоа, тренерот Ерхан Рамадан по завршувањето на натпреварот ги нападна судиите, па мораше да интервенира полицијата за да ги извлече арбитрите на безбедно.

Од снимката може да се забележи дека Рамадан има забелешки и на однесувањето на противничкиот тим, но таа ситуација продолжи без поголеми проблеми.

Целата ситуација можете да ја видите ТУКА.